побара (гл.) - во (предл.)

Денес тие своите „права” и „правди” ги побаруваат во војна, правејќи си едни на други зла.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За волја на вистината, Рада прво ги побара во телефонскиот именик.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му ја подаде книгата на Сликарот и некако придушено, речиси шепотно, му рече: „Одговорот на оваа чудесија треба да го побарате во оваа книга, под одреденицата „Фазли паша“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рибарот Дејко спас побара во бегање: го натовари семејството во чун и избега во езерото; натовари и храна колку што можеше да собере чунот и живееше сред езерото, далеку од селото, далеку од допирите на луѓето и болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потем Ина му шепна нешто на аѓутантот, тој нишна со главата, пријде кон мене, и ми рече: „Госпоѓицата со задоволство ќе ви одговори на прашањето ако сега си одите, и ако по последната претстава, вечер, ја побарате во нејзината приколка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И куцајќи, поблед од светец, отиде да побара во другата соба вино. Тоа беше сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се побара во стаклата на очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се исправи во креветот и со подадена рака го побара во мракот шишето. Кратка голтка, грч.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, пак ја побара во темнината, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А. ПАВЛОВНА: Кај тебе доаѓа. Вели, си го побарал во детективското биро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
– „Ете јас бев, мајко, што ги зедов, ѝ рекол, ја качи се, бре Смиле, на куќа кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе ги најдеш, земи ги вамо да ги видат за да поверуваат“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Спасот го побара во прашањето: - Како си ти, Елена?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мухамед ќе го побара во своите ќитапи ќе види дека таков Турчин нема родено на земјата, та ќе го напади; не го пушта во неговиот рај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така, ако бара риби, рибите живеат во водата, ако бара птици, птиците се во воздухот, но ако бара човек, ќе мора да го побара во себе: тој е таму, затоа што таму се наоѓа, таму мора да го има.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се обидуваше причините за ваквото свртување на синот кон партијата да ги побара во себе, во својата изолација од партијата, од политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во немирните сонови само него го сонуваше, само неговиот лавеж и квичеж го слушаше и се будеше возбуден: излегуваше во дворот да го побара во куќичката, да види дали е тука, да го погали, да го успокои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А вториот одговор треба да се побара во фактот дека офицерот му остави добар впечаток.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Братчето ја побара во гранапот. Загрижено појде кон слаткарницата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога си одеа ги побараа во дворот каде што ги оставија, но ги немаше: пред тоа жена му на Мил му ги фрли на кучето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ние мораме нашите принципи на прилагодување да ги побараме во сложените системи.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)