повлече (гл.) - на (предл.)

Братучедите, одвај дочекаа да се повлечат на своето место над карпата каде што можеа да здивнат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога советот смета дека предметот е расправен така што да може да се донесе одлука, претседателот на советот ќе соопшти дека главната расправа е заклучена, а потоа советот ќе се повлече на советување и гласање заради донесување одлука (чл. 290, ст.1 од ЗПП). 5.  Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август [и ова се смета за „време кога судот не работи“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со десната нога му го изби од рака, го фати за коса и молневито го повлече на страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)