погледа (гл.) - во (предл.)

Илко се наведе, и ја исправи главата меѓу своите плускавичави раце, ја погледа во плачните очи, се разлигави и тој, и со пригушен глас, глас на човек што ја постигнал својата цел, рече: — Е, Дочко!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А си мислеше дека ете сега ќе ја фати за плетенки и ќе ја заврти да и погледа во очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако Неда погледа во Крстета; тој толку се уплаши, та веќе не ја заврте главата на таа страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури сега забележи дека секој под сакма носи пушка, дури сега му падна на ум да им погледа во суратите и ги виде обрастените лица во коса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кочо погледа во девојчето. Тоа беше седнато до огниште, ја држеше тавата и го подбуцнуваше огнот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Тој пак запре, погледа во Питу, кој нервозно си играше со врвот од својата кама, и додаде: - Да, близу е пашата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но кога стариот мајстор отвори уста и започна да говори, Веле истрпна, зечудено погледа во Аргира, не знаејќи што да мисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Момата запре. Бргу ја крена главата и зачудено, како срните пред да одекне истрелот, ги рашири големите сини очи, погледа во правецот од каде што се чу извикот и ги стегна со раката растреперените гради.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веле крена глава, нервозно погледа во смолчаниот башмајстор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме погледа в очи со лукава благост и ненаметливо испитувачки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Детето изненадено погледа во сликата на картичката.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Дал бог добро”, ја поздрави Марко. Таа само мрмна нешто и погледа во неговиот фес и турската облека.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што му би? Беше курдисан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Поарно да си погледаш во ноктот, отколку во саатот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја бакна без да ја погледа во очи и замина со првиот воз.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Откако задоволен од разговорот, уште еднаш погледа во пораката, со благ и срдечен глас ми рече: - Утре во 18 часот ве очекува Претседателот во Картагина за да му ја предадете пораката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На вистината треба да ѝ се погледа в очи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јадрите, црни, насолзени очи благодарно погледаа во тетка Стана, а грлото така ѝ се стегна што не можеше да прозбори ниту еден збор.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе погледаат во сонцето, па ќе погледнат во сенката за да видат колку им е скусена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)