подвлече (гл.) - дека (сврз.)

Толе му кажа на Челебијата за случката со Ѓузепа и подвлече дека тој така се пазари за еден месец и така ќе работи, па од другиот месец ако им чини на обајцата, ќе остане, ако не, ќе си бара и тој чорбаџија, ќе си бараат и тие работник на неговото место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но треба да се подвлече дека и овде со нуждата за чисто духовно изживување во одреден вид, се поврзуваат и поинакви мотиви, многу пореални, - сонот за земна слава што обезбедува убав, весел и разноличен живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во Министерството на војната подвлекуваат дека говорот на Черчил не одговара на вистинската состојба во земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се очекува решителна промена овде во полза на војската на Дража, која ја сметаат за единствено добро командувана и многубројна во центарот на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вака се отвора стремежот и кон еден нов „реализам“, односно кон приближување спрема Реалното, но овојпат кон она лакановско Реално, со коешто се сретну­ваме како со „решително порекнуван факт на нечија сопствена смртност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Принципот на задоволство во популарната култура му служи на ваквото потиску­вање на смртноста, така што низ смртноста - со која низ поп-естетика се бави новата британска уметност - се појавува потиснатото таму каде што тоа (естетски) и не се очекува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нели, дури ни магарето не поминува многу лесно преку синорот во туѓа мумуруска.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзините глупости тој добро ги познаваше, а притоа треба да се подвлече дека дури и ги толерираше, се разбира, до извесна граница.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)