подлегне (гл.) - на (предл.)

Беше прашање на ден кога истрошеното тело на Јана ќе ѝ подлегне на болеста, која како ловец беше спремна за последниот напад и докрајчувањето на пленот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Притоа да оставиме трага на овоземните суштества, така и тие полесно да научат да се воздигнат и да не подлегнат на искушенијата кои се во изобилие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И во што е, да се послужиме со уште еден пример, особената поента на ставањето на Џоан Крафорд во воведниот дел од елегијата за поколенијата мажи што ѝ подлегнале на сидата од Крег Г. Гарис, геј- поетот Црнец?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најголемата и најтешка гениталија, неговото височество Мозокот, како ерогена зона не смее повеќе да подлегнува на никакви закани и притисоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш, некои тополчански и тројкрстчански луѓе, дали подлегнале на српската пропаганда или за пари се продале, туку ги изневерија правилата на Внатрешната македонска револуционерна организација.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)