ползува (гл.) - со (предл.)

Затоа Србите имаат во Битола прекрасен претставник што се ползува со полно уважение кај конзулите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Петроград тие имаат широки познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеви на руското општество и имаат големо влијание на него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското поданство и зачувувањето на целоста на Турција ни дава право на Македонците низ цела Турција да се ползуваме со правото на граѓанство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој сам и не се вика Петар, туку се вика: „јас“ Се ползува со неговото име само кога треба да се различи од многу други луѓе слични на него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)