Би те кренале неми над своите немирни тежини  да те поплави небето со белите трошки на погледот  Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи  кроткиот дожд на тишината  Сепак не е зимата румена како нашите образи  и не е вистински сетна како здивот на реката  Побарај го слапот од надевање  во извезената кора на мразот  под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
               
             
           
            
            
              „Дождови“
               од Матеја Матевски 
              (1956)