порачува (гл.) - на (предл.)

И затоа му порачуваше на својот син да истрае крај границата, да не ја минува сѐ додека таа не ја загуби моќта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој војвода ѝ порачувал на гората: „Горо ле, горо зелена, постели сенка дебела, приготви вода студена!" И гората го слушаше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѝ зборувам така, ѝ порачувам на Роса моја, за сѐ да ми кажува, да ми се јавува на сон. 81
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас само плачам и зборувам. Ѝ порачувам на Роса да го најде Ангелета и да го поздрави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)