поседи (гл.) - на (предл.)

Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш кога, во потрага по Владимира, ќе достасаше дружината на полето каде што тие жнееја, ќе поседеше на полозите а тој, Арслан бег, наредуваше таа, Руса, да им подаде вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поседаа на чардакот гледајќи во блескавото езеро што се прелеваше на месечината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа поседе на завет пред колибата, на она трупче пред прозорчето, слушајќи го едноличното бучење на ветерот, тажното крцкање на буките и плисокот на водата што течеше од стреите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)