поседне (гл.) - на (предл.)

Поседнавме на тревникот спроти северната страна од зградата и загледани во прозорците стрпливо чекавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поседнати на полјанката в круг, бригадирците го слушаа својот командант, кој што долго и распалено им говореше.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Оние двајца сега се вратија и поседнаа на креветот, а стариот, бригадирот Језекил, загледан во прозорецот, со некаква вратена сериозност, не можеше да не започне еден од оние свои необични разговори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)