постави (гл.) - на (предл.)

Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Силен удар со глава. Тоа ѝ ја врати свеста и ја постави на нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека госпоѓата Камилска во кујната беше зафатена со подготвување на јадењата за послужување, Мајка на веќе седнатите Татко и Камилски им го донесе првиот подавалник со ракијата, мастиката и двете чашки, а потоа го постави на масата и поголемиот подавалник со раскошното мезе во повеќе чиничиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чинеше дека зарзаватите од нејзината градина, чудесно подготвени, се прелеваа во разните чиничиња, светнати од маслиновото масло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сепак, случајните кратки средби со мутулавата сокоја авторот (сега веќе не само Митре Геровски туку и „шпионот“) ќе се сретне уште многупати, како да го постави на дотекот што водеше до изворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марша му постави на Хелвиг услов, за да се пресели кај него, и да живеат заедно, сосем да се одделени од неговите родители. Во секој поглед.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако заврши, Рена извади чинија со домашна алва обликувана со лажица и ја постави на масата, пред Јаков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа го охрабри, или го насочи, или го поттикна, или просто го подлажа да напише еден драмски текст, од кој театарските уметници толку се изненадија што дури и се намуртија, па одвај се најде некој почетник режисер да го постави на една провинциска сцена, некогашна коњушница на некогашна касарна, што живуркаше со половина душа, одвај собирајќи премиерска публика, а не пак да собере некој денар за авторски хонорар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја постави на терасата потпрена на оградата, за да можат заедно да го гледаат изгрејсонцето. (Убаво е кога двајца гледаат во иста насока, мислеше Н.)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Да го поставев на чатијата, ќе нѐ ставеа во редот на „предавниците”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Болен е, помогни ми да го понесеме.“ „Сонцето.“ „Не, не е сонцето“, мрморам. Ме поставија на тлото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)