Малечката Пелагија уморот ја обеси на рацете од двете жени, меѓутоа мајката Пелагија ја поткрева и ја стиснува во својата прегратка.
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И, еда, клавање плочите во ваганката со вода, море вриење, клокотење, да му бам мајката, дури и ваганката се покрева и вода префрла преку венче.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Бреговите тоа го гледаа,  се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив,  па тој не забележа пред него како се покажа  и друго место, по него пак друго,  сѐ некогашно и сѐ познато и драго,  и преплашен скокна од потајниот допир  кога го полази тенка водена жила  што се провре меѓу прстите на нозете  а потоа му ги покри стопалата  и низ тенко жуборење водата почна  да се качува по него нагоре, да се тимари,  да го гали; забележа свиткани  како лежат исушените стракчиња билки на дното  и како го тркалаат грагорот пред себе  еден величенствен облик.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И видов дојките нејзини кои светлината небеска  како ѝ се поткреваа  и чув Бог како ѝ довикна:  Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот  Во птица престорена.
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)