поткрене (гл.) - на (предл.)

Шишман со стравопочит веднаш се загледа во строгиот изглед на неговата капа што како добро куче стоеше на масата пред офицерот, поткрената на фурашката како на предните нозе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На главната врата од ресторанот таа застана за миг, му ги стави двете раце на вратот на Љубо, се поткрена на прстите како да сака да го бакне, но со ситните прстиња му ја намести јаката на сакото, шепотејќи му: „Изигруваш мангуп, куре едно.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пак се поткрена на столицата, но во гласот не покажа нервоза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во моментот кога двајцата беа свесни еден за друг, Елефтерија ја крена раката од надколеницата на десната нога поткрената на столот пред неа и во која, меѓу двата прста, ја држеше цигарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се поткрена на лакти и сонливо се изразгледа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште повеќе, тој се поткрена на перките и испушти мек рик.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Суљо ја исправи прво главата, се поткрена на коленици, долазе до султанот и му ги бакна полите од скапоцената облека. – Милост, честити царе!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Човекот ја стисна долната усна со предните нерамни заби и се поткрена на лакот, нејасно надевајќи се на нешто.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А ѓавола некој би можел да го нацрта! Шилест е и поткренат на врвот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тргна. Натоварен со тешка вреќа пченични зрна, која неизмерно му тежеше, првин тргна по патот, на кој можеше да сретне само луѓе и нелуѓе, низ чии што очи се наѕираа поткренати на прсти, доблестите или стрчеа искри на гнев, кои му предизвикуваа збунетост, до степен на треперење, наежување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)