почива (гл.) - на (предл.)

Океанското општество, во крајна линија, почива на верувањето дека Големиот Брат е семоќен и дека Партијата е непогрешлива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застануваше да почива на секои десетина чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа разлика почива на инхерентното значење на состојбата на необичната стварност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Исчезнуваше верноста кон нив, макар што кохезијата на земјата почиваше на сега видливите утописки идеали.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледаше во својот син, и како да гледаше во лице подеднакво живо какво што беше нејзиното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Феминистичкиот субјект почива на првиот вид разлика, но не само на него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)