почине (гл.) - во (предл.)

Ја известија дека Мијалче Тодоров починал во војната со Германците, некаде кај Кратово...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Набргу се повлекол во пензија и починал во родната Корча.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја качиле на дрвената кола, па кога стигнала до ридот кое ги дели двете села, ја подигнала главата, фрлила поглед врз Рајчани, го видела и тогаш починала во спокој... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се слушнало дека починал во некој логор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Храбрата мајка ќе почине во осумдесет и шестата година од животот крај својот син, додека тој на својата легендарна машина за пишување ја продолжувал својата преведувачка аскеза.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Се разболел и починал во Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Заедно со оние кои не го доодија патот до болницата и кои починаа во болничките бараки, на лединката, отаде рекичката, еден до друг - ги закопуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)