прати (гл.) - абер (имн.)

На Ката солзи и излегуваат од радост.) Зошто не ни прати абер по некој човек оти си дошол?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Верскиот поглавар, откако го видел Татко, веднаш пратил абер до своите верници, да се соберат во вакафот во што поголем број, за да ги заштитат светите списи од безверните натрапници, предводени од Латинот со паларија!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми прати абер дека ќе е среќен што ќе појдам во бањата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Валијата сигурно ќе прати абер по Нијаз-чаушот дека сето тоа било само шега, просто испробување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– А бре, оче, јас толку не се разбирам од овие ваши работи, туку еве што се слуша. велат дека многу сте го налутиле кадијата, та му пратил абер дури и на султанот, а овој издал наредба да се смири таа раја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако можам ќе ѝ пратам абер по баба Анча, но не верувам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)