преврти (гл.) - на (предл.)

Тогаш Ловџија зајде од смеа, се преврте на грб со четирите нозе нагоре: - Е, ова чудо не сум го чул, - мачор да не знае што е глушец!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На креветот во дневната соба пред да падне во постела седеше врз гума за пливање како мало дете кое уште не проодело за да не се преврти на едната или на другата страна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Замислете ако Ели чинијчето со јадењето ми го превртеше на светнатиот чист паркет, кој мама со таква грижа го правеше лимонов и сјајен!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дури тогаш жителите на Потковицата имаа време да се запрат над стрика Анѓела; го превртија на грб и со викање, со триење на вратните жили се обидуваа да го освестат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)