премести (гл.) - од (предл.)

Задачата на денешниот дизајн постепено се преместува од обликувањето на објект (карактеристично за Модерната) кон обликување на рамка, контекст.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Аха, - рече фелдфебелот. Го засука мустаќот, се премести од едната нога на другата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога седиштето на академијата се премести од просториите на средното уметничко училиште во ѕидините на Сули Ан, се појави интересна пракса помеѓу извесна група студенти - пиење чај по околните чајџилници.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми дојде како да не сум излегла никаде, како да не сум се преместила од ова годишно време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така замислена, со името на Дине во себе а со сликата на Дине пред себе со двете жени што го држат едната од едната страна другата од другата страна како да го черечат, не ни забележува дека гасеницата од вагони се преместува од колосек на колосек и на крајот запира со еден силен дрангож.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во современиот живот карневалската култура е преместена од маргините во центарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Британија годишниот циклус се состои од два дела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)