преполни (гл.) - со (предл.)

Новините се преполнија со известија од театарот на востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нејзиниот воз не застануваше на ниту една станица, иако пероните беа преполни со нови лица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас седам и веќе го шмркам моето второ кафе, додека пепелникот се преполнил со пикавци со иста боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Им јурнала наеднаш крвта во жилите и ги преполнила со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ преполни со некој бес, почна да нѐ нагризува, да ни го зема сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доаѓа возот, ама до покривот е преполнет со луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мислам оти лубениците пукаа кога ќе се преполнеа со смеа, па ти сакаш верувај сакаш не верувај“, беше заклучокот на дедо ми во врска со неговите искуства од ноќевањата на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)