пресели (гл.) - на (предл.)

Ноќва, помисли, дури и да не успееме со првиот, ќе испратиме друг и трет брод и ќе се преселиме на сите планети и, подоцна, на сите ѕвезди.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ми здодеа тоа и затоа барав можност да се преселам на погрчка територија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го гледав: беше речиси неизменет, како да не стареел, како да немал време да го направи тоа; само брчките на челото му беа некако поистакнати, како некој запис да имаше на челото, господин судија, како да е тоа линија на животот што наместо на дланка, кај него се преселила на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека ти беше виновникот што мачорот се пресели на багремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Многу ли е жешко во Техеран? - Ах, како би сакала да се преселиме на друго место.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И кога разбра нојната страданија, пожали ја и уведе ја у пештерата, а он се пресели на друго место.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)