претури (гл.) - во (предл.)

- До стрништето? А што си барала таму, те прашувам јас тебе?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сливите ги претури во џебот од скутникот, а собраните зрна во козиненото торбиче што го позајми од Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Врви, врви жено - ѝ подвикна Кузе - а затоа што сакаш да ме поткупиш, тешко тебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оди пред мене...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се разбира дека целото макло не беше полно со коски, па ни со тагарџици, та Сиве накоси трева за пет товари, а најде само еден тагарџик со пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)