префрлува (гл.) - на (предл.)

Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако нема, Маргина/Темплум се префрлуваат на системот за вонредни околности: илегала и шапирограф. Ние играме заедничка игра.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му префрлуваше на починатиот Татко, со тивок, речиси нечуен глас во тажачките, што и тој не ја зел со себе, за да не го живее остатокот од животот без своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)