прејде (гл.) - на (предл.)

Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ си одеше како подмачкано, а Трпе од ајвар и јетрена паштета прејде на кафански стекови и увијачи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)