придржува (гл.) - на (предл.)

Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секој од овие луѓе цврсто стискаше по една манлихерка во рацете, а исто така вешто придржуваше на десното или лево рамено по една тешка козинава сакма, a под неа — кожена торба, тагарџик, во која не секогаш се најдуваше парче леб или месо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сфати дека партиите сакаат ослободителната војна да се води само до таму до каде што зафаќа предвоената гранична линија и ако нема да се придржуваат на ова, тогаш ќе бидат осудени како автономисти и така би.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се движеа како диви кози, без да ја згазнат земјата, без да им пречат карпите и долиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покрај тоа, новиот закон значително ги намали износите на казните кои што работодавачите треба да ги платат доколку не се придржуваат на одредбите од овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)