прилегне (гл.) - на (предл.)

Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„ Конструкцијата на кафезов ти е јасна: маската ќе ти прилегне на лицето, не оставајќи никаков излез.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, о, возљубени читатели, почувствував како некое топло ветре со миризба на босилек и темјан ми ги наполни градите и прилегна на местото, на празнината кај што ми беше срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)