проведува (гл.) - во (предл.)

Повеќето време го проведува во постела. Сепак, сите се плашат од него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со него целото време го проведува во разговор и не можат да се изнаприкажат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Лебдењето е првиот симптом на летањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Понекогаш и Мил оди кај него в град, па таму времето го проведуваат во разговор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)