продре (гл.) - во (предл.)

Зачудо, тој практичен проблем на “чистиот ум” тогаш не продре во општата свест.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мај ‘68-та беше иднина што продре во историјата и затоа таа толку слабо го разбра, а историското општество толку лошо го прифати. 74 Margina #22 [1995] | okno.mk Ни зборуваат за историјата на Европа и за потребата од поврзување на банките, осигурителните компании, внатрешните пазари, полициите, консензус, консензус, но кога станува збор за иднината на луѓето дали Европа ни подготвува нови чудесни збиднувања како ‘68-та?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лекарот мора да чувствува дека има право да продре во болеста, токму како што родителот знае дека има право да влезе во детската соба во секој момент, без оглед на мислењето на детето за тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во овој момент, ќе го задржиме вниманието на овој напор на сопственото јас, да не допушти било што да продре во него, за да не биде (сопственото јас и/или објектот), уништено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За чудо тој практичен проблем на „чистиот ум“ тогаш не продрел во општата свест.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никој не можеше да продре во длабочините на неговата душа кога страдаше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мирон Донски никогаш не би можел да продре во неговиот свет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
С поголема беше потребата да се остави XX век и да се продре во минатите векови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нова­та држава – црква широко ги прифати во својот голем храм – земјата, сите свои верници, готова да продре во нивните души.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И каков е врвот на тој напредок?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во Македонија сега е зима“, си помисли и се сети дека веќе со години не видел снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Врелиот воздух на австралиското лето веднаш продре во собата и за миг ја уништи свежината на климатизерите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вклештена меѓу рабовите и железната рамка, таа го притискаше своето тешко тело во ѕидот и ја спречуваше светлината да продре во ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со еден позначаен и порешителен самоаналитички напор, можеби тој самиот би можел да продре во смислата на својот сликовит говор.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На англиски јазик, од некој филм, со преубав глас на Бинг Крозби, меѓу кои и „Месечината продре во моите очи“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денес најмоќите технологии стануваат минијатурни - микротехнологии - сите технологи можат да продрат во телото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија, не само што разбра кои се неговите родители, па и неговите баба и дедо, туку продре во неговата суштина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја гледав во тие мигови, сакав да продрам во нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како резултат, одреден број уметници го прилагодуваа јазикот на детските цртежи (понекогаш и самите цртежи) со цел да продрат во нивната експресивна непосредност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Елизабет Мареј (Elizabeth Murray) во својата слика Joanne in the Canyons (нацртана декември 1990.), вклучи во централниот дел од дното, црвен, коцкаст приказ на Empire State Building копиран од цртежот на нејзината четири- и- пол- годишна ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почувствува дека по тој начин сака да продре во некоја тајна. Испитуваше, слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
1. Насетување на бескрајот Кога ќе надојде плимата ко висок крвен притисок ќе го намамат да продре во копното ко во жедно грло, похотлив утерус да се исцица, да испари, да потоне ќе дотурат маја да престаса, да прекисне, да претече ќе го сведат на стогови солени зрнца она кое било несводлив нескротлив промискуитетен бескрај маслото од макеницата истапкана од брановите кревките ластери на лилјаните белузлавите маркери растворените минерали, миризливата пареа флуидната пена, млечните заби лижавчињата, ларвите, планктоните...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Седи Крстовица потпрена врз студениот камен и низ солзите се се мачи да продре во далечината во која низ замаглината на солзите се појавува нејзината куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)