противставува (гл.) - на (предл.)

Му се противставуваме на Сарафов, зашто, ако тој испратеше оттука луѓе за раководители... ќе станеше катастрофа...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МРО во лицето на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и многу други остро ѝ се противставувале на врховистичката политика спрема Македонија воопшто и одделно спрема врховистичкото инфилтрирање и врховистичките подготовки за поттурнување на пожари во одделни околии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не постои разлика и во гледањето на Хлебников, кој застапувајќи се за еден позначаен неологистички говор, всушност се противставува на скаменувањето и успаноста на нормалниот говор, што зависи од креативната моќ на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само оџакот на колибата стрчеше црн, висок, како да му се противставуваше на тоа семоќно белило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Телото како да им се противставуваше на неговите мисли и желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)