пружи (гл.) - на (предл.)

Затоа некои од нив го кријат своето вистинско Јас, претставувајќи некое друго Јас; прикажуваат привид, и се чувствуваат сигурно: сеедно дали ќе бидат измачувани или галени, се чувствуваат сигурно, бидејќи имаат чувство дека тоа му се случува на нивното привидно Јас, на измамата која наместо Јас му ја пружиле на светот, додека вистинското Јас само набљудува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А притоа знаеш дека ниту јас сум професорот ниту пак ти се наоѓаш на испит по знаење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но понекогаш самите тие сфаќаат дека и таа сигурност е привид, дека е само отцепување од постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)