раздели (гл.) - на (предл.)

Првото буле го намака со мед и го раздели на сите комшиски деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети: — Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Леб веќе немаше. Нешто изеде сам, нешто раздели на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука слегов, заедно со Митре. Се поздравивме со сите, што го продолжуваа патот. Со Митре се разделивме на станицата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)