разлева (гл.) - во (предл.)

Просперо се наводенува во својот домашен базен, неговото пенкало разлева во водата сино мастило, црвени цртежи на олујни облаци се вртат, жив вистински дожд истура, и сеќавајќи се на млазовите од фонтаните, Ариел моча.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Задоцнетето попладне на еден накиснат фаун, иако со прилична доза опуштеност поради редовното конзумирање на горчливи екстракти на субмедицината, подобро кажано, со лесна немарност кон атмосферските чуда, му придодава на Шушкањето на страниците допира одвнатре, проследено со отегнатото „А“ кое по тврдиот согласник се разлева во треперливи ларви низ нескротените лавиринти на нашите тела, споени во кревок тотем со две пребрзи срца...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Гласот надоаѓа како бран, се напнува и плиска, се разлева во него широк мирис на темјан и луди треви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некогаш мора да бил исклучително силен: сега неговото огромно тело висеше, се накривуваше, се надувуваше и се разлеваше во сите правци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа се разлева во него и тој се нурка во неа и му е неподносливо повеќе да мижи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На грлото му напира крик, но не може да се ослободи и се разлева во градите и го задушува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)