Средата ли, четвртокот ли,  одново се разденивме како во пекол  градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни,  Татко ми го снема, како да исчезна во времето,  и некаде по некој ден гледаме:  водата ги раскопала гробиштата  и жолтите коски на мртовците  пливаат по улиците  и ни мавтаат на сите:  ајдете, велат, што чекате?
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)