Време е очајот да се измоча  и одземената слобода да се грабне  време е во ова невреме мачно  месијата мајка да ни расплаче  Да можат и сонцето би го згаснале  просветлени демони во мрак  да можат сите би не убиле  време е да им застанеме на пат  Парталави души нечистотија шират  со омраза нѐ распарчија до коска  време е за сурова војна  со овој болен и импотентен свет
               
             
           
            
            
              „Проклетници“
               од Горан Јанкуловски 
              (2012)