растовари (гл.) - на (предл.)

Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нѐ растоварија на крајот од станицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејсе, нѐ растоварија на Гибралтар како вреќи премрзнати компири.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Трајко и Куле го зедоа Бошевото магаре и приквечер Трајко го однесе Адема дома и му го растовари на Муарема пред кулата, за да го лекува анката две три недели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)