свртува (гл.) - на (предл.)

Одеднаш му се свртува на машкото, го фаќа под брада, го гали: - Теткин, теткин, мил, мил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И, само што свртувам на ,Деветтата линија", го здогледувам Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ами, оти не ве гледам, вели, малку подзапира и наеднаш свртува на друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се свртува на другата страна и писнува па од нејзиниот вресок неколку глави се креваат над веленцата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ова што се случува пред нејзините очи го говори токму тоа. Се свртува на кај сите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секогаш кога ќе се спомене нејзната омилена розова боја, Бреза на сѐ друго заборава и целото внимание го свртува на розовиот предмет, или приказна, или ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Им се свртувам на луѓето што трчаат по мене. Им запрашувам и ним зад петици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што зборуваат тие? Се свртувам на сонцето, како тркало, невидлив и тромав, златен и неуморен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)