сме (гл.) - во (предл.)

Ние сме во такво развиено опкружување со кое мора да се вклопиме!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Синко, знаеш ли дека сме во обрач од Германци, да бегаме, трчај колку можеш по коњите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Или, не дај Боже, ако би си се откажале од својата историја,би си признаеле дека сме во дрво без корен, ако би си рекле самите на себе: Од денес јас почнувам нов живот, не ми е важно минатото!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И навистина е така. Како да сме во некоја голема продавница.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро, не велам дека сите ние не сме во некоја мерка противречни, но кај него противречноста беше претенциозна и предизвика големи последици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Доколку не сме во состојба да ги востановиме разликите тогаш тие и не постојат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како да не сме во состојба себе си да си најдеме подобри узори?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
(...) Бартелми нѐ принудува да ги напрегнуваме интелектот и имагинацијата, а на крајот нѐ остава збунети; неговата постапка мошне наликува на онаа на Ешер во делата како што се Конвексно и конкавно и Коцка со магични траки, кадешто воопшто не сме во состојба едновремено да го видиме и конвексното и конкавното.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веќе не сме во состојба да го разликуваме делото - l’oeuvre, она што може да се држи во раце (терминот потекнува од Ролан Барт) - од текстот (она што е содржано во јазикот), просто затоа што, се чини, не е можна никаква јасна интерпретација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Истанбулчани се возат смо во коли-такси затоа тие и доминираат по улиците. И евтино е возењето во нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите сме во алишта од времето на рицарите, мускетарите, со капи, на кои некогаш има и перја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Немаше многу време за губење, зашто планот беше вечерта да сме во Братислава, а пред нас стоеше уште долг пат - да се пропатува цела Унгарија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се додека тие се, ние сме во опасност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сме во кожата негова и не чувствуваме темница и мувла собрана во четири ѕида; не чувствуваме ни удари, диви и разбеснети, како ни гмечење до бесвест, за да се признае сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Човекот, сите ние, сме во вечна потрага по нашата изгубена половинка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Е, веќе сме во Бугарија, Мишо! —рече Толе и уште подлабоко издивна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мекдоналд известува дека чекаат “нови снабдувања за формирање на нови бригади“ и прашува дали “изведувате дневни испораки. Ако изведувате ние сме во можност да примиме“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не сме во можност да го утврдиме бројот на убиените.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пред крајот на работниот ден, понекогаш ни се чинеше дека сме во состојба со помош на фракталното моделирање теориски да поставиме опис на планините како воздишки на олеснување на Земјата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Боб: Пет минути! За тоа време ништо не можеме да си дозволиме, никаква нова раскош. Фатени сме во стапица, приклештени.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Слично, Кант прави разлика помеѓу самото нешто (Ding an sich) и феноменалниот 78 Margina #11-12 [1994] | okno.mk свет велејќи дека, никогаш не сме во состојба да го спознаеме првото, па затоа вториот би требало да го прифатиме како реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи Деридините деконструктивни процедури се полабави одошто оние типично модернистички, и бидејќи тој не става нагласок на доаѓањето до заеднички заклучоци, местото на индивидуализмот во неговата теорија е позначајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека средновековната филозофија е теоцентрична, во модернистичките системи Бог исполнува помалку важна философска функција ако воопшто и исполнува некоја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Беркли, како и Лок и Хјум, смета дека ние можеме да ги спознаеме само нашите перцепции, но прифаќајќи ги нив како самата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои други модернисти навистина тврдат дека ние ја спознаваме реалноста, но неа ја определуваат како нешто што конвенционално е согледано како само нејзина претстава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заборавил дека сме во земјата на комунизмот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пак сме во преодно време. Исчезнаа Пикасо, Стравински... времето на превратнички личности мина. Затоа овие времиња сега се фасцинантни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние сме во еден однос на предизвици, заведувања и смрт кон тој свет кој веќе не е никаков свет, затоа што му недостасува осовински центар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние кон капиталот веќе не сме во некој неизвесен или побед­нички однос на силите, туку во политички, а тоа е токму фантазмот на револу­цијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Зарем сега кога со едната нога сме во рајот!?“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пак в село сме, не сме в град...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа се случуваше вчера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем тогаш не е најумно да постапиме токму така како што постапила таа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или и за ваквите појави вината треба да се бара токму во вистината што не сме во состојба да ја совладаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: настојува да ме увери дека и смртта за луѓето не е веќе тајна, дека ја имаме веќе осознаено па затоа и располагаме со доволно умеење за да ги намалиме последиците од нејзините постапки што напати и не сме во состојба да си ги објасниме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човекот му се чини дека секогаш му е потребно малку повеќе вистина од онаа што ја има.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има моменти кога ќе сфатиме дека не сме во состојба да најдеме вистински одговор за некое прашање што не измачува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Начинот на кој тој нè гледа, знае дека сме во брак, Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еднакво лесно може да се сосредоточат на богати, отмени, гламурозни или некогаш гламурозни жени кои се хистерични, екстравагантни, очајни, смешни, страсни, безобразни, унижени, на праг од нервен слом или едноставно не се способни успешно да истераат некаква висококвалитетна женствена маскарада, кои не успеваат да додржат на достоинството што е потребно за да ги сфаќаат барем малку сериозно како жени. ‌Записов се чита како опис на дрег.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па ајде да повториме некои од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, кога сме во состојба да им ја ситуираме геј-привлечноста во поширокиот контекст на сексуалната политика на културната форма, можеме да почнеме да наѕираме еден средиштен елемент во геј-реакцијата кон оние сцени што ги запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби сме се возгордеале со својот геј-идентитет, бесрамни сме во своите истополови желби и врски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бери Адам, социолог и еден од изумителите на лезбејските/геј/квир-студии, вака ја срочил поентава: Сега сме во период кога различноста е главната точка на дневниот ред, а квир правоверноста не дозволува потрага по заедничност и нејзино претполагање сега откако за заедничноста што ја воспоставиле геј/лезбијските идентитети се обелоденило дека, всушност, никогаш не ни постоела (што е и причината поради која квир-теоријата никогаш нема да може да објасни зошто толку многу жени и мажи и покрај тоа одново и одново потврдуваат идентитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, третирајќи го тој образец, чија највидна одлика е „родовата атипичност“, како претставителен за „геј-мажите што се склони кон зачувувањето“ (25) и најпосле за геј-мажите воопшто, Фелоус на крајот на краиштата ни ја наметнува како вистина за нас која мораме да ја признаеме – инаку ќе нѐ обвинат дека сме во состојба на одрекување (токму поради таквите тактики на виткање рака противниците на есенцијалистичките модели на хомосексуалната различност честопати го нагласуваат имплицитно принудувачкото, дисциплинирачко или „законодавно“ дејствување на есенцијалистичките теории).343 ‌Покрај сите тие проблеми, кои се типични за секој обид општествените идентитети да се претстават во есенцијалистичка смисла, во овој аргумент има и уште една слабост од толкувачки или критички вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
13 СЕКСУАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ЖАНРОТ Да им се навратиме на двете сцени од Милдред Пирс и Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А сега барем сме во положба да сфатиме зошто машкиот геј-дрег се специјализира за комбинирани прикажувања на гламурозната и на абјектната женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без да сакам да бидам догматичен, мислам дека може да се каже дека ефектот од Фелоусовиот пристап е претерано да ја обопштува појавата што ја објаснува толку раскошно и емпириски, истовремено хомогенизирајќи ја до еден „мошне доследен образец“, иако, мора да се признае, „испреплетен“ и „комплексен“ (25).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ние сме во процесот на негово одговарање додека поучуваме, зборуваме и пишуваме философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И потоа, „Ха, звучи како наслов од Лајф. Во средиштето на ‘животот’. (Life, живот) Ние сме во смртта. О, боже.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тука сме - во изминатото време, Време без луѓе, без куќи, тука сме во сегашното време без живот, само ледина и јата гаврани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И времето е изминато, одминато, а тука, сега, во сегашното, денешното, во ова миговно време, сега сме во одминатото време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега сме во времето поделено на сега и вчера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Во град живееме, ама родени сме во тукашно село. - Во кое?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега не сме во строј, а чекориме како да сме во строј...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Возиме полека. Загледани сме во убаво средените дворови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За да се утврди дека сме во врска со ЦК (бидејќи полицијата знаеше дека Гарванов е замешан, но немаше факти), го прашаа Богданов: ’Го познаваш ли Гарванов?’ ’Не го познавам Гарванов, но познавам еден Гарванов кого ние сакавме да го убиеме’, одговори Богданов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, за нив не се зачувани никакви податоци и не сме во можност да дадеме макар и најкраток опис за нивните карактерни особини, физичкиот изглед и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но во вечноста сѐ што завршило во космичкото време одново ќе ја стекне својата смисла, која не ни е дадена да ја разбереме и доживееме дури сме во времето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Власите повеќе живеат во градовите и се трговци, а ние повеќе сме во селата и сме селски стопани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не, ние сме во книгата со бели корици.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Не, ние сме во Градот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Еве, земи не нас во Драмски и рече, гестикулирајќи со раката,ние постојано сме во бифето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ти не жалиш ли за тоа? А што правеше со неа? Де, кажи, сами сме во оваа дупка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние сме во него и со телото и со душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто никој не направи поговорка што ќе ја замени онаа „Пропаѓам во земја од срам“ во некоја нова, што ќе нè отслика нас во модерното време, во коешто аламе по темница како да сме во камено?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секогаш кога го земам даљинското в рака, и констатирам дека од аспект на јужноамерикански серии сме во ситуација од сите страни Ѓорѓи сардисан, ми иди да пукнам Династија враќај се, сѐ ти е простено!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Денес сме во војна! - Каква војна бе, нели зборот беше дека ќе живееме сто години во мир?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Историјата не располага со други податоци за врагот, иако е голема штета тоа што не сме во можност да го следиме неговото движење од времето кога, по реставрацијата на Меиџи, пак дошол во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парацелзус го погледна тажно. – Атанорот е угаснат, – повтори – и лембиките се полни прав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што мислиш дека е паѓањето ако не незнаење дека сме во Рајот? – Розата може да се изгори – предизвикувачки рече ученикот. – Сè уште има оган во каминов – рече Парацелзус. – Ако ја фрлиш розата во жарот, би поверувал дека изгорела и дека пепелта е вистинска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислам дека неподносливи нè прави тоа што не сме во состојба да ги „посребриме“ своите вистински способности – или како што се вели денес: да го завртиме капиталот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А во мај излезе Јусуф од заробеништво како победник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти велам дека розата е вечна и дека само нејзиниот лик може да се смени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иии-сусе, Адријан, неговите очи како сини планети, седи како стрела исправен и вика „Пет“. Пет? Пее? Лет?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние сме во средиштето на случките и патките 79 дојдоа да гледаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Под земја сме во најпроклет рудник меѓу сенки и призраци будни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секој од нас до староста ќе копа, годините така ќе се топат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Исти сме во гласовите, исти сме во краците, сепак сум поинаков, крал сум на пајаците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Поточно и не сум крал, немам круна и замок.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Исти сме во движењата, чекориме заедно и стигнуваме секогаш онаму каде што доцниме и подрануваме, меѓу заспивањата и будењата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Никаде не сме во допир со оригиналите, туку насекаде се сретнуваме со симулакрумот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На некој начин, поради недостигот од споменатата, да речеме, историска психоанализа, ние сме во состојба на акутна психоза.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Времињава се такви па мораме, а и сакаме да сме во тек со настаните.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како да се наоѓавме во земја со која сме во војна, а не во пријателска земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние сме во фаза на проучувањето на битното прашање на балканските јазици: дали се вавилонско проклетство или предуслов за среќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Плус, тука е и Бојана и двајцата сме во иста соба во врнежлива летна ноќ...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Знаеш цимерката за Нова година си замина дома, а и онака сме во посебни соби... ако сакаш ќе ти ги ставам и лисиците... те заебавам бе, хе хе хе фино детенце со факултет,).
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Сакам да кажам, ние сме во војна“, рече Парсонс.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А мојот адвокат, го прекина: Ве молам, овдека не сме во дом за превослитување на малолетници, овдека сме во суд... Се бараат факти, докази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги слушаа проповедите на попот кој зборуваше: сите сме во рацете на Севишниот; од волјата негова сè зависи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како што можете да видите, сѐ уште сме во музејот на несреќи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако постои мета-ниво, сите сме во тоа, тоа е медиската политика, тоа е нивото на светскиот пазар кадешто постои тип по име Руперт Мардок, кадешто 128 Margina #17-18 [1995] | okno.mk постојат ATT, TELECOM и слични големи играчи во целава игра.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние во западниот свет, сега сме во позиција да ја запознаваме источната традиција директно, практицирајќи ја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега сме во период на изолирани настани, изолирани вести, а медиите се присилени okno.mk | Margina #17-18 [1995] 129 тоа да го следат на екстензивен начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија двапати го повтори името: Македонија, и кога ѝ се стори дека Елза нешто не разбира, ѝ објасни: ние сме во Југославија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги собра сите мажи, Мато Никола, поп Пеја и другите главни луѓе, сред тврдината и им ја објасни веќе јасната положба: – Како што гледате, браќа, ние сме в стапица; во безизлезна положба.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та ако сме во ова пуста Македонија ќе си бидеме и во нашата Македонија?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас, Ефтим и Тодор сме во последната клупа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во мигот Чана ја затнува половината врата со својата голема снага, пуштајќи го својот грлен глас во вагонот Стигнати сме во Македонија, народе!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ние сме во постојано очекување, упатување еден кон друг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, потем, се врати кон својата фотелја и тивко ѝ рече на Мајка: – Минаа многу години, а ние никаде не заминавме, како да сме во еден лет во место!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега сè уште сме во друштво на странци и од тоа стојалиште ништо не е проме­ нето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сме вратени во Тениевите локални заедници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„Драга мајко, Деноноќно сме во ровот, како во гроб. Живи, а мртви; мртви, а живи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегуваме еден по еден со молк заробени во сенките од дамнешна есен. Собрани сме во клопче што ги најавува опасностите.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ние сме во тебе, во твоите очи, заедно со белите птици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не се шегувам, пријателе Вртанов, не си во состојба да ги скриеш твоите заечки траги од ваков загар каков што сум јас иако не сме во времето на снегот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И дека, за жал, животот секогаш е среден така што условите за згрешување речиси и не сме во состојба да ги избегнеме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но веќе сме во станот на Виктор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На пример, сега сме во реон еден, станица два.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Сите ние сме во своите черепки. Гледаш ли колку сум грда?“ рече таа. 9
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„На време сме во Стокли. Уште јаглен, Фред?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние сме во пештера! Или во рудник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат, нели, такви моменти, кога се појавува во нас самите некоја поделеност што не сме во состојба да си ја објасниме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треба да ископаме тони јаловица за да го пронајдеме зрното што ни треба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реков веќе, стануваше збор за сожалувањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но што се однесува до самиов случај и нејзиното однесување не можев а да не споменам дека е жално кога ќе утврдиме понекогаш оти и заедничките спомени не сме во состојба да ги споделиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И селаните не ги пуштаа да дојдат кај нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па ние сме во Преспа!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме во Преспа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние сме во Преспа!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште првиот ден почнаа вежбите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нема поопасно од тоа“, тврдеше, „да бидеш не платен судија на животот, или, уште полошо, да ѝ бидеш адвокат на вистината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Проблемите со нашите болести“, велеше, „настапуваат тогаш кога ќе бидеме упатени во валканиците на животот а не сме во состојба да помогнеме тие да се изменат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Како да сме во мевот на некое огромно животно, не ти се чини?“, го прашувал и ударал со чеканот по утробата на чудовиштето обложена со камен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние ли сме во бесконечноста ниту центар, ниту власт ниту гуска, ниту јајце Ние, од тлото што не сме се одлепиле ние, вистината што ја мразиме како ѓавол ја истеруваме масовно ја каменуваме и ја однародуваме ние, што наредуваме кој да ѝ се обрати на јавноста и како да се опише „стварноста“ за да го слушаме - барем додека сме живи - она што ни одговара Сонцето мора да се врти небото да биде недостижно Земјата мадра.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Летот не смее да се прекине. Благиот лет на пролетта. – Но веќе сме во јули – реков тивко.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кој од следните луѓе од оваа можност би направил стварност (музика која наскоро ќе ја чуеме било да сме во Токио, Њујорк, Берлин или Бомбај)? Јориаки Мацудиара? Јуџи Такахаши? Џоџи Јуаса? Тору Такемицу? Такехиса Косуги? Тоши Ичијанаги? Тоши Ичијанаги.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Значи, проблемот не беше во него, туку во тоа што се чувствував непријатно да го користам тоалетот и да одам по голема нужда кога пријателот ми беше во соба - а по првиот ден, кога успеав да одам во тоалет на мир, додека тој се задржа во бифето со една убава учесничка на конференцијата - се погодуваше секогаш да сме во собата во исто време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И кажува до кај сме во денот, колку сме далеку од смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве, со тебе сме во добро и во зло!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледаш не сме во можност да појдеме на зимување.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Навистина сме во криза, татко“, рече Злата, „ама ништо не ви рековме“ „Не треба да се рече, деца.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој, попладнето на 7 декември, му телефонирал на Рузвелт, при што Рузвелт истакнал: „...сега и двајцата сме во истиот брод", на што Черчил одговорил: “...тоа сигурно ги симплифицира работите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако го пречекориш овој појас, нема да имаш причина за радост, а ќе имаш време за плачење и тагување... и колнење, та, затоа, сега, мајче, сега радувај се, радувај се додека сме во наше, сѐ уште во наше. Отаде е туѓо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледај и нагледај се; радувај се и изнарадувај се, се додека сме во наше... во наше... се уште...во наше и само не плачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како што гледате, ние скоро сме во обрач...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И не сме во право кога се лутиме на некој што е влечкав, што не си ја врши работата, кога да си признаеме, сите сме такви и сите не знаеме да го цениме времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Принудени сме во семејството да живееме стари и млади.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние сме во војна, зарем не разбираш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојата сопствена препорака е да се шифрираат (во за нас непознати кодови) сите виртуелни системи кои сме во искушение да ги интерпретираме менталистички: тие да се редуцираат на Серловите бесмислени чкртаници во нашите сопствени умови, а потоа да бидат спремни за повторно да им се влее значење во оној степен во кој покажуваат кохерентна каузална (роботичка) поврзаност со реалниот свет на објекти и состојби на нештата на кој нивните симболи можат систематски да бидат интерпретирани дека се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мурџо заврти со главата кога го слушна името Дончо, а Пела продолжи Не ја видовме тетка Чана таа не беше дојдена, а баба Митра помалечка од Дончо! Знаеш, не сме во исто одделение!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Речи сега право, не сме во некој кијамет да се лажеме, што ќе сакаш, кардаш, да бидеш откога ќе се потурчиш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не сме во дервен, та толку гајрет да се дава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А, јас, кога сум добро расположена и ако сме во пријателски односи, баш сум му добра сестра. Или поточно- најдобра.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми, како и секогаш кога сме во нашата мавровска куќа, е расположена и весела како дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си мислев така и многу се разжалостив што е далеку од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти се случува ли понекогаш, драга моја Бреза, да леташ со мислите и да одлеташ многу далеку, дури до мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ѝ е тешко да ги подготвува и најкомплицираните јадења и да ги исполнува сите наши желби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите три сакавме да сме во центарот на вниманието во град, па заедно успешно го изведувавме тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)