Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината  Тие безочни дрски бесрамни животинки  Што се умилкуваат додека  Касаат и додека поганат наоколу  Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците  Врескаат: ние сме црешови цветови  Од градината на твоите мртви сестри  Клај нѐ на јазикот ако не веруваш  Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш  И лудо се смеат ѕвездите мои  Што трчаат по мене во темнината  И кинат кинат од моите меса  Од мојот здив од мојата возбуда  „Како ме пронаоѓаат?“
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)