согледа (гл.) - во (предл.)

Сакаше сè што губеше на Балканот поради проклетото заостанување зад другите европски народи, во полнота и континуитет да го согледа во природната еволуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како културна активност којашто може да се согледа во многуте уметнички форми и во многуте струи на современото мислење, она што сакам да го наречам постмодернизам во основа е противречно, решително историско и неизбежно политичко.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секако дека во онаа заедничка констатација оти стилот на Чинго е близок до „говорниот јазик“, согледана во редица критички и есеистички текстови за прозата на Чинго, се кријат можности за натамошни појаснувања и аргументирања кои, можеби, ќе нѐ доведат поблиску до самата суштина на прозата на овој автор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Разликата помеѓу гледиштата на Хајдегер и Дерида во поглед на преведувањето најдобро може да се согледа во Деридиниот одговор на прашањето поставено од страна на Родолф Гаше во една дискусија на тркалезна маса за преведувањето, собрана во The Ear of the Other.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Планетарен трибализам Иако во Источна Европа е посебно очигледна, наклонетоста кон трибализмот може да се согледа во целиот свет: сосема јасно во Африка, но и во САД, кадешто Движењето за политичка коректност учествува во истата тенденција кон егоизмот на идентитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Меѓутоа, најбитниот аспект што може да го согледаме во овој случај е позитивниот пример за решеноста и одлучноста на работниците како Ѓорѓиевски, кој и покрај сите објективни и субјективни пречки, сепак се одважи да се спротивстави на неправдите кои катадневно ги трпеше на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови,  се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)