сопне (гл.) - на (предл.)

Да ти речам се сопнав на него, нема да те излажам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не сакајќи да покаже страв пред неа, појде кон вратата; се сопна на триножецот, и застана, тивко прашувајќи кој е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)