состои (гл.) - во (предл.)

Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, кога на странката – во пресудата – ѝ се наложува извршување на некакво чинење судот ќе го определи рокот во кој ова чинење таа е должна да го изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако со посебни прописи поинаку не е определено, рокот на [доброволното] извршување на чинењето изнесува 15 дена, но за чинењата кои не се состојат во парично давање, судот може да определи подолг рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Убедливоста на тие луѓе дека овие неколку конци преку црните реки се мостови се состои во тоа што навистина ако сакаш да преминеш преку онаа страна наваму преку реките – можеш, но ела обиди се да поминеш одовде натаму.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако некој не знае што бара правилото, тогаш, не го сфатил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Основните тези, земени како номинални вредности, можат накратко да се сумираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во нив се вели дека светот е множество факти, кои се состојат во постоењето на она што Германците го нарекуваат „Sachverhalten”, кое Огден го преведува како „atomic facts” (атомарни факти), а Пирс и МекГинис, можеби поточно „state of affairs” (состојби на работите).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога би постоело такво нешто, продолжуваат инпликациите, од сопствените когнитивни ресурси би можеле да препознаеме дека коректно употребуваме некој израз, (или, поопшто, следиме некои правило).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но она што не е во ред кај овие сугестии е претпоставката дека аргументот за приватниот јазик имплицира дека не може да постои ништо како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 65 Од фактот дека владеењето со некој израз може да се научи единствено во јавен амбиент, и дека неговата исправна употреба треба да биде контролирана од јавни проверки, не следува ништо што би се однесувало на невозможноста од разбирање на еден израз, на тој начин стекнат и контролиран, кој се состои во некоја когнитивна состојба на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И не би било следење на правило, кое го исклучува акциденталното, непредвидено, „на слепо”, или варијабилно усогласување, туку треба да се состои во определено почитување на она за што правилото вели дека е конститутивно за придржувањето кон него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едноставниот, но моќен увид дека сфаќањето се состои во знаењето на она што се бара - и, според тоа, е когнитивна состојба - е белег на експланаторната супериорност на ова објаснување над голиот поим дека фактите за согласноста со практиките на заедницата се точката во која му се става крај на објаснувањето на следењето на правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Обете поенти зависат од потребата за јавни ограничувања, кои ја подвлекуваат суштинската дистинкција - дистинкцијата помеѓу следењето на правилото и (само) мислењето дека некој го следи правилото - а нивната основа Витгенштајн, како што е познато, ја наоѓа во договорот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Клучот за триумф на интерпретацијата над неодредливоста се состои во преминот од “линеарното” кон “интертекстуалното” читање, кое го разрешува проблемот на “неграматичноста” со која читателот отпрвин се соочил.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што беше и остана спорно кај Крлежа, неговиот скандал, се состои во тоа што тој потфрли токму како граѓанин.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Што се однесува до функцијата на мажот, откриваме дека таа се состои во обезбедување на издршка, статус и заштита - точно по тој редослед.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствениот успех на таа интелигенција, судејќи по списанијата, се состои во тоа што таа не нуди било каква артикулација на вистински алтернативна концепција за културата наспроти државно-националната, и во тоа дека единствено успева да се занимава со сопствената позиција на исклучен политички субјект.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, целата мајсторија се состои во онаа средишна буква што, голема и чудна, непрекинато стои, а од неа сите други одат во други насоки, што јасно ќе го покажеме во следниов пример: Gott ist mein Trost (Господ е мојата утеха).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пола од денот го поминуе на шминкање и оговарање, а муабетот главно им се состои во тоа каде би излегле вечерта.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Значи, сета позитивна прагматичност се состои во придржувањето до правилата на играта, но и во откривањето на контекстот на тие правила.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Идејата на Хундертвасер се состои во тоа некои од прозорите на одредена зграда да ги вовлече во внатрешноста за еден квадратен метар и во така настанатата ложа да засади дрво.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Предностите над класичното огласување се бројни: 4 пред сѐ, постои мошне силна асоцијација и идентификација со изворот на пораката, т.е. со главниот актер или со самиот филм 4 за разлика од класичниот спот, филмот се доживува многу поемоционално, па и впечатокот е посилен 4 благодарејќи му на претходното, помнењето на производот е поголемо 4 можна е и поголема фреквенција на појавување на производот - може да се појави повеќе пати во филмот, кој, пак, може да се гледа неколку пати 4 кај светските филмски хитови станува збор за изложеност на производот пред огромен број гледачи, така што испаѓа дека цената за тоа е многу ниска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па, каде се случува тоа? Верувале или не, во филмовите и ТВ-сериите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од каталогот за париската изложба пренесуваме два текста, од кои едниот зборува за влијанието на Бојс врз младите руски уметници, а тоа е интересно поради тоа што и кај македонските „поалтернативни” уметници забележливо е влијанието на Бојс, особено при правењето на перформанси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега глетката се појавува во тридемензионална форма и за да се види потребни се специјални очила (техниката инаку успешно е испробана во кино-салите).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нови техники на огласување SKYWRITING Станува збор за една од тнр. „out of home“ техники на огласување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се прашувам дали би можеле да речеме дека вашата пишувачка работа се состои во тоа да воведувате нови начини на читање кои самите произведу­ваат смисла? 4Сигурно дека постои една нзгаслива жед за остварување на некое “заедништво”, но тоа истовремено мора да биде свесно за своите граници - и границите треба да му 40 Margina #11-12 [1994] | okno.mk бидат отвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебно не некој филозофски систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е еден дел од неформалните причини зошто токму Бојс; главната причина се состои во самата негова личност престорена во дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Никола Шуица ДАВЕЊЕ ПО БРОЕВИ Ударниот почеток на филмот “Давење по броеви” е ланец од слики што ја подвлекува традицијата на учените резултати од рационалистичката логика по пат на детска игра која се состои во именување и броење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Задачата - вели Ботеро - се состои во определувањето, кога ја гледаме сликата да знаеме кој е изворот на нашето задоволство“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Реалното делување на злото го осознаваме од карактерот на сивата боја, тоа делување се состои во доведувањето до суштина на односите без актери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Андреј Бели, боите и малку теософија (II) “Сивата боја се создава во односот меѓу црната и белата и дотолку повеќе можната за нас определба на злото се состои во релативната средина и okno.mk | Margina #8-9 [1994] 107 двосмисленост (подвлеков јас).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога Андре Лефевр се обиде да ја дефинира целта на Translation Studies, тој сугерираше дека намерата се состои во тоа да се „создаде сеопфатна теорија која ќе може да служи како директива во процесот на преведување“, и додека некои можеби се прашуваат за спецификацијата на оваа изјава, неговата јасна намера да ја поврзе теоријата со праксата е неспорна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Втората промена се состои во тоа што ЗСС (2014), за разлика од ЗСС (2008), не содржи одредба според која непочитувањето на одредбите што се однесуваат на работата во услови на штрајк претставува потешка дисциплинска повреда (чл. 52, ЗСС/08).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А тоа негово „покрстување“ се состоело во ова: ќе земел еден обичен селски нож чклипитар, ќе го ставел со тилјето на еден камен и ќе удирал, удирал одозгора по сечилото на ножот со друг камен, сè додека да го отапел, а тогаш, кога ќе го направел ножот тап, да не може жаба да заколеш со него, ќе му го дадел на некого од четниците и ќе му заповедал да го непослушникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа му заповедал да го коле несреќникот така што тој, од страв, да почнел да прди, а ако овој не прдел, тогаш четникот, за казна, добивал десет стапови по газ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Светот навистина изобилува“, објасни тој, „а сите потфати се состојат во сосекувањето на тоа изобилство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неможноста да се спознае реалноста е една тема од книгата што Фаерабенд сега ја пишува чиј работен наслов е The Conquest of Abundance.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите прогони се такви, оти прогонува секогаш посилниот, а се повлекува послабиот; теророт се состои во понижувањето, во свеста дека си отстапил, дека си се повлекол, дека ти зеле нешто твое, простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обвинувањето се состои во тоа дека моите текстови во одредена точка токму со жанровското мешање стануваат литерарни текстови, и дека поради тоа отпаѓаат од филозофијата која произведува дискурс кој е подложен на правилата на аргументацијата, верификацијата итн.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не сакав да остане со темните мисли, и затоа реков: “Би сакала да отпатуваме некаде. На неколку дена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трагичното се состои во самото доживување на животот како бесмислен, а не во начинот на кој се искажува тоа доживување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Според Тенер одговорот се состои во “ефектот на одмазда”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Целиот спас се состои во тоа, во тенкото шинелче да претрчаат колку што е можно побргу пет-шест улици и потоа да поистопотат со нозете во портирницата, додека не се истопат на овој начин сите способности и дарби за патем замрзнатите канцелариски задачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, додека Монтескје грижно ги чуваше разликите меѓу позитивните закони и универзалните начела на правдата, Хердер сметаше дека ништо не ја надминува мноштвеноста на колективните души: сите наднационални вредности - правни, естетски или морални - лишени се од својата врвна власт. 21 Хердер има тенденција да стави точка на онаа древна заблуда на разумот што се состои во стремежот човечките дела да се истргнат од нивниот контекст и да се издвојат од околината во која се произведени за да може да се просудуваат соодветно на вонвременските критериуми на Доброто, Убавото, Вистинитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И овој пристап има два важни недостатоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Првиот се состои во тоа што побарувачката веројатно во извесен степен би пораснала.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не чекајќи Дарвиш да ја заврши мислата, се надоврзав: - Андре Малро кој мина низ три револуции (кинеската, шпанската и антифашистичката) пишуваше дека храброста на човека се состои во тоа во решавачки мигови на историјата да биде реален.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тој сепак беше храбар човек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доказот на Теоремата за Некомплетност се состои во тоа да се дојде до некакво авто-референтно математичко тврдење, на ист начин како што парадоксот на Епименид претставува авто-референтно тврдење во доменот на природните јазици.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Втората употреба се состои во генерирање на детали кои обично не би имал време да помислиш да ги правиш...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Инаку, разликата се состои во тоа што овде сѐ уште се верува дека медиите се опасни, додека во Холандија велат: ма, тоа е само весник, тоа е само едно мислење среде многу други.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Канони и фуги Суштинскиот принцип на канонот се состои во имитирањето на една единствена тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Помалата промена се состои во ограничувањето на можноста за стручно оспособување, преквалификација и/ли доквалификација само за вработување кај друг работодавец (додека претходно важеше и за работа кај истиот работодавец).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледнете го развојот на психијатријата. Тој се состои во дефинирањето на сѐ поголем број аспекти од секојдневниот живот како предмети на психијатријата сѐ додека секој аспект не стане потенцијален објект на психијатриски третман.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не верувам дека тоа е оспособувачки. Тоа може да биде така само во негативна смисла.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го покажував во текстот Мо­дер­нитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодерни­те­­тот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трагичното се состои во прилогот што го пружаме лично и свесно кон несреќата, наша и на другите особено љубените Господине, но смртта има своја предисторија и може да се посматра во развој: рано во детството се огласува во лажните утехи за починот на блиските во ветувањето дека се отсутни само привремено и дека ќе се вратат - тогаш зборот враќање ги почнува своите преобразби - во криењето, небаре од урок на ожолтениот портрет на покојникот оти и памтењето е враќање безгласно како самрак;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Важноста на овие билки, за дон Хуан, се состоеше во нивната способност човекот да го доведат во состојба на посебна перцепција.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Возвишеноста на пустината се состои во тоа што таа, поради исушеноста, претставува негатив на земјината површина и негатив на нашите цивилизациски тековини.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таму каде што обичната машина произведува предмет, Ворхол произведува тајна целисходност на предметот која се состои во тоа да биде репродуциран.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Она што на Арентовиот модел му е заедничко со Хабермасовиот е нагласокот 114 Ibid., p.58. 96 ставен на политичкото учество и демократизацијата на процесите на донесување одлуки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Главната разлика се состои во тоа што во моделот на републиканска доблест, учеството се перцепира како неспојливо со институциите на модерното капиталистичко општество.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
†6 прашање: Започна ли нашата работа? ако започна, во што се состои? одговор: Нашата работа сега ќе почне, а таа се состои во регистрацијата на светот, затоа што ние веќе не сме светот. прашање: Но, ако ние веќе не сме светот, што сме ние? одговор: Не, ние сме светот. То-ест, јас не се искажав сосем правилно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)