Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
               
             
           
            
            
              „Братот“
               од Димитар Башевски 
              (2007)