Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лесно, чиниш тивок ветрец, ја помрдна раката и таа се откина од челото и одвај со видливо движење се спушти кон десното, лесно се префрли на левото рамо и одново до увото на Циљка допре потулениот шепот на Мита:
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Трајче се спушти кон него, му се доближи и одвај изговори: - Командирот... чичко Анѓеле... Германците... и падна пред нозете на Горјан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Нагора во небото се вивна зелена ракета, потоа бавно се спушти кон земјата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се исправи. Со ревење во себе се спушти кон селото заедно со темнината, со ноќта што дојде пред месечината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Двајца постари планинари со јажиња се спуштија кон гласот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прибран, окуражен малку, заедно со своите кучиња, Бојан се спушти кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Мириса на снег, - промрморе и се спушти кон колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Само преуморни бели галеби нè следат неуморно, за потем да се спуштат кон морето и да се изгубат во синевината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)