Мислам дека најголем дел од зборовите       ги користиме за да се заштитиме од другите луѓе, а не за да ја изразиме       взаемната љубов; зборовите станаа материја за правниците, а не за поетите;       сѐ повеќе ни е потребно во општеството да го воведеме - и мислам дека       токму тоа е она што ги проникнува и им дава боја на толку голем број, ако       не на денешната младина, тогаш на младите од претходната генерација - тоа       барање и изразената желба за љубов, во еден анархичен свет.     К: (...) Наклонувањето на тие луѓе (Хипиците), а се надевам дека денешната       младина ќе го прифати тоа, опфаќаше и такви животни работи како што е       исхраната.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)