стапува (гл.) - во (предл.)

Лицето кое пристапува кон тужбата, односно на кое се проширува тужбата, мора да ја прими парницата во онаа состојба во која таа се наоѓа кога тоа стапува во неа (чл. 186, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До заклучувањето на главната расправа, под опишаните услови, покрај тужителот може да пристапи нов тужител или тужбата може да биде проширена на нов тужен – со негова согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За нас, децата, за нашето семејство, тоа вратниче ни го отвори козата што ја купи татко ми и со тоа ние сигурно, сигурно и неповратно, стапувавме во времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука се зближува со Ѓорче Петров, стапува во редовите на социјалистите на чие чело е Васил Главинов, учителствува низ Македонија, другарува со Пере Тошев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој насекаде и во секое време стои на чело на својот народ и му порачува: „Ќе дојде денот кога македонскиот народ ќе се крене на оружје, на востание.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Компјутерот постојано ја осовременува интеракцијата помеѓу моето тело и синтетичкиот свет што јас го гледам, слушам, и допирам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука се потпираме врз размислувањата на при крајот на 1991 год. трагично починатиот теоретичар на телематичното дружење Vilem Flusser, којшто во својата расправа Дигитален изглед запишал: „Авантурата на очовечувањето, со нас, стапува во нов период.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Кругеровото видео окружување, луѓето во одвоени соби стапуваат во интерактивен однос.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога оној до неодамна можеби сѐ уште полуписмен каубој од вестернот ја прифаќа шерифската значка и ставајќи го животот на коцка ѝ се спротивставува на толпата која сака да линчува, тогаш тој, стапувајќи во непосреден однос со бесконечната вредност на законот и правдата во нејзината есенцијална апстрактност, токму ја произведува митската слика на раѓање на граѓанинот, една автентична граѓанска социјализација. Маргина 35 33
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И навистина, човек што првпат стапува во овој град, веќе има за него определен критериум и бара да види во нег оповеќе отколку во другите градови и многу тешко му паѓа ако претрпи и најмали разочарувања од било каква глетка или панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега дури Кочо сети дека стапува в село.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во однос на непријателските и окупираните земји СОЕ била слободна да запосли или да стапува во контакти со групи кои се во можност по војната да имаат политичко влијание.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По основното училиште тој работи разни работи, сè до 1912-та, кога стапува во коњицата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Наизменично живее во Чикаго и Њујорк, работи како дератизатор, бармен и приватен детектив, стапува во контакт со бит-поетите Jack Kerouac и Allen Ginsberg. 4 1946 -49.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според второто стојалиште, што го застапува и Соломон Маркус, се укажува на функцијата според која „звуците во поезијата и преку неа стапуваат во директна врска со човечките доживувања после симптоматските и симболичките коренсподенции помеѓу фонетските појави и вонјазички појави.“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Преку своите браќа стапува во контакт со Алберт Глајцес, Хуан Гри, Фернинанд Леже, Метцингер Жан, Франц Купка и Роџер де ла Фреснај.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во 1908 изложува во ‘Салонот на независните” и во ‘Салонот на есента” , каде неговиот помлад брат, чие уметничко име е Рејмон Дишан-Вилон, работи како потпретседател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Судирите меѓу мајките и синовите се вистински кандидати за тој возвишен статус (еве, колку за почеток, помислете си на Хамлет и на Орестија), но борбите меѓу жени од различни генерации едноставно не се граѓа за трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најблизу дотерала Електра од Софокле, но она што конечно ѝ ја дава на таа драма нејзината сериозност е нејзиниот близок, подреден сооднос со династиските преокупации на машката култура: татковата оставнина, владетелското наследство, преносот на сопственоста од татко на син и продолжувањето на машката лоза.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Електра стапува во патријархална функција (а со тоа и во трагична достоинственост), затоа што во најголем дел од драмата машките јунаци ги нема на сцената и никој освен Електра не е желен да го заземе местото на машки наследник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во моментот, значи, во кој деконструкцијата се изјаснува, во кој стапува во пресметка со Кантовиот текст, со научна парадигма или со помош на лингвистика, во тој момент ја акцептирам критиката, бидејќи тие подрачја поседуваат правила за аргументација и квалитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако различноста на моќта на субјектите е средина каде што можат да настанат толерантни односи, различноста на субјектите што стапуваат во однос е нужен услов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред настанокот на аконфексионалната држава, во традиционалното општество, кога основа на единствената заедница на луѓето била нивната заедничка вера и “субјектот” сѐ уште бил поим на политичката теологија, што поданикот не го разликувал од христијанинот, тој раскол бил нужно верски; оној на другиот брег бил припадник на крива вера, а толеранцијата облик на теолошко политичкото допуштање, што на малцинската верска заедница како краен досег на нејзиното признание ⥊ го намет- нувала мнозинската.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми честопати ги собираше моите сестри, наоѓајќи начин да не ме повика и мене, и потоа седеа долго во кујната, а јас понекогаш само малку ќе зачекорев во ходникот и пак се враќав во собата, и при тоа кусо приближување до нив, до вратата која ме делеше од нив, успевав да чујам делче од нивните разговори, какви што водеа повеќето мајки со своите ќерки: за она што една девојка треба да го исполнува за да биде добра ќерка, за начините на кои се стапува во брак, за должностите на жените кон своите сопрузи и деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често стапуваат во заеднички живот, робовите мажи со робовите жени, како што и ороспиите мажи со ороспиите жени.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И затоа ви кажав да не се разведуваат оние што се во брак, а ако меѓу вас има разведени, нека не стапуваат во нов брак или нека им се вратат на сопружниците свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оној ден кога ветеринарот Скрез го мобилизираа за на фронт, Цанулица му се врати на Цанул; заживеаја одново како младенци како првпат да стапуваат во брак; Цанулица се разубави, стана уште поубава; Цанул од очи не ја испушташе: кај одеа, одеа заедно, што правеше едниот, тоа правеше и другиот; Цанулица, метејќи го дворот, пееше колку глас ја држи за да чујат соседите, да ја чуе секој што ќе помине, а Цанул, подмачкувајќи ги вратите на куќата да не чкртаат, дуваше во носот и ѝ помагаше во пеењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Многубројни изложби во земјата и надвор од неа. 1916 излегува неговата книга Писма од војната. 1925 се разведува од првата жена и стапува во брак со Mathilde von Kaullbach (Quappi).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во мојата употреба на поимов, различните култури на некој начин се „осудени” една со друга да стапуваат во контакт (сеедно дали тие тоа го сакаат или не) и влијаат едни на други (повторно, без оглед на нивните желби).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Актуалното и виртуалното постојат заедно, и стапуваат во едно тесно коло што постојано нé упатува од едното до другото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— „Ако не му чини, пак јас може и да си излеза" — си рече најпосле и почна да си прави „сеир со умот" и да си крои потамошни планови, како секој млад човек кога стапува во живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По разводот со режисерот Бад Ли, Ејжа стапува во брак со нутриционистот Дон Лемон и се сели за Јута, каде што се раѓа нејзината ќерка Каталина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие не прашуваат за неговото име; не бараат да ја допрат неговата природа; а на тој начин нештата сами од себе стапуваат во живот”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Денешниот јавен простор сè повеќе станува псевдо-јавен, повеќе заинтересиран и 78 загрижен за безбедноста одошто за можностите за јавна интеракција и служи повеќе како место за забава и потрошувачка отколку како политичка арена.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Наместо јавен простор каде луѓето слободно стапуваат во интеракција, без принуда од страна на државните институции – продуктивен, постојано пресоздаван, демократски јавен простор – имаме простор за рекреација и забава каде пристапот е ограничен и отворен само за соодветни припадници на јавноста: „контролирано и уредено засолниште каде јавноста што пристојно се однесува може да го искуси спектаклот на градот“89.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мислењето е „јавно“ на три начини: „се однесува на јавни прашања; се наоѓа во јавниот домен; и го произведува јавноста, т.е. приватните граѓани кои стапуваат во интеракција во јавната сфера“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)