стриже (гл.) - со (предл.)

Замрежи просторот околу, се се стесни, зашумолија нозе небаре газат во суво лисје, прогрмоти женски глас отсекаде: „Ќерко моја, иако моево тело е студено, иако моиве усни стрижат со сув ветер, скриена во длабоката скрвишница на земјата – мајка, мојава душа е топла!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Првин нѐ острижија. Нѐ стрижат со искрвавени машини, оти машините им заглавуваат од вошки, нѐ мијат некои чесни сестри, нѐ преслекуваат, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мажите само стрижат со очите и ги поткинуваат солзите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Негде во полето, скакулецот жетвар, стрижеше со нозете: „Жежи-печи! Жежи-печи!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)