сум (гл.) - зафатен (прид.)

“Ако некој ме бара, генералот, или генералот на армијата, кажи му дека сум зафатен, важи?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Денеска сум зафатен со многу важна работа.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Леле, фантастична идеја! Мозок си!“ сложно извикавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега би било најдобро да ѝ речам дека сум зафатена, да ме остави на мира, како што таа знае да ми каже кога ме „откачува”, ама не дека немав срце тоа да го сторам, туку единствено затоа што бев љубопитна што ќе ми каже, прифатив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Студено праша: „Не ли би оставиле за утре? Страшно сум зафатен.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со половина уста прашав: - А, за што би разговарале? – иако од прв пат можев да погодам: само ден пред тоа се појави нејзиниот расказ „Прстен” во весникот, и таа од мојата реакција можела да погоди дека сум го прочитала, па сака да се објасниме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Деновиве сум зафатен, но кон крајот на неделава ќе имам време.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Денеска е сабота, ќе има многу луѓе, па продавачките нема да нè забележат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Снисходливо одговара: „Извинете но во овој момент сум зафатен со подвижната вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)