Таванот е неупотреблив  Такви се шемите на животот  Секогаш ќе ти го ускратат она  што го посакуваш  Во заборавената куќа сè ѝ е  подредено на загрозеноста  Чинам оти сум престрашен од  сопствената храброст  Па сепак ги следам чекор по чекор  О браќа мои О луѓе вашите залудни гласови  вашите тешки зборови воденички камења  што ја мелат ноќта што мелат што ме мелат.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)