а    абер – вест, порака    авур и ар – штала, просторија за чување добиток    ага – виден граѓанин од турското население    агалар – аги    Агарјани – старовремено име за Турците    адет – обичај, навика    азно – благајна; благо, богатство    аир – полза; добро    аирлија – среќно, благословено да е    акшам – приквечер; вечерна молитва (од петте вообичаени молитви, четвртата по ред)    алајка – слугинка, прислужничка, обично робинка на богата жена    Аламанци – Германци (според турскиот јазик)    „алатурка” – по (на) турски (начин)    алах и ала – бог    алашвериш – давање – земање, купување-продавање    алипен – сакат, инвалид    анама и ханума – госпоѓа, сопруга, жена од повисокото турско општество    анани ана – псовка (мајче мајчино)    анасена – псовка    арамбаша – главатар, водач на разбојници
               
             
           
            
            
              „Калеш Анѓа“
               од Стале Попов 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Да се подмлади ли пред нив со раскажување за Негушкото востание од кое, и со негова заслуга, се тргнала од слатка дремка султанската земја во која везирите и пашите, не само Лобуд и Јанински туку и сите други што не ги знаеле, помодрувале?
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Но затоа пак Арслан ги собра со себе новите бегови на Мариово Јунуса и Рифата, им ги искина повелбите што им ги даде скопскиот беглер-бег и патем за Цариград ги суреди во воденските клисури, и си отиде во Истанбул да си го заземе своето високо место покрај силниот Велики везир – Србинот Мехмед Соколовиќ.
               
             
           
            
            
              „Калеш Анѓа“
               од Стале Попов 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Но на забрадените чавки им било важно да ја суредат во туѓа куќа Фиданка Кукникова и најпосле да ги задржат мажите крај себе ноќе.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)