На една страница татко му на Еда, Пандо Бранов, ги имаше запишано некои од позначајните празници во годината како Нова година, Водици, Јованден, Трифун-пијаница, Преображение, Четириесет маченици, Ѓурѓовден, Вртолум, Кузман и Дамја, Илинден, св. Петка, Голема и Мала Богородица, Митровден, Арангел, кога се паѓаат моровините, од кога до кога траат божиќните, велигденските, петровденските и богородичните пости...
               
             
           
            
            
              „Продавница за љубопитните“
               од Мето Јовановски 
              (2003)