„Ногу ујгун ќе ми дојде така“. — Си правеше Доста план: — Ем чупето не си го давам наки од мене да ми трга мака, ем детето ќе ми има токмо сермиа со Стојовите“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Онбашијата се заврте кон двајца војници и им рече нешто на турски.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шо ќе а тураат сами они маста — гответе му вие; шо ќе и тепаат они кокошките — пржите му и вие сами, ни и ватил камен нозете, се стори тоа. Нѐ подлагаа Бешовци ваши овдеа, ќе се тргаат маки, токо само со помин да бидат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе си одат Турците, море, за одење, токо којзнае какви ни се ружаат да не вјанат по ниј!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве овде е танко. Сечи, заколи ме, да не су жив, на моата старост да тргам маки и срамови. — И покажа со раката на гушата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе се обидеме и по вој пат; белки ќе има некој спасибог баре за децата, та за нас се знае оти ќе тргаме маки и ќе и оставиме коските по ридиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ах, што зборувам јас, што зборувам? Света Пречисто, прости ми...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан Штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Така доктор Миха сам се затвори и си ги тргаше маките, колку си ги чувствуваше и како што умееше да си ги лекува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се знае: се кренат ли двата краја кој ќе трга мака...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)